Манекенката Миранда Кер и холивудскиот актер Орландо Блум покажаа дека тие и понатаму се во добри односи, покрај неодамнешниот развод.
Оваа двојка по три години брак, се разведе во октомври, а вчера беа фотографирани во Њујорк за божикната вечера заедно со синот Флајан.
Како што велат двајцата, тие потребите на детето ги ставиле на прво место.
– Многу се сакаме. Ние сме семејство – вели Блум.
– Ние до крајот на животот ќе бидеме заедно. Секогаш ќе се подржуваме и сакаме затоа што сме родители на ова прекрасно дете. Живото некогаш не излегува како што сте планирале, но ние сме возрасни – додаде Миранда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.