Судечкиот совет на Основниот суд Скопје 1, со кој претседава судијата Горан Бошевски, денеска ја изрече првостепената пресуда за осуммина обвинети за трговија со дрога. Судот најде вина кај сите обвинети и притоа на двајцата недостапни за органите на прогонот им изрече затворски казни од по 13 години, а на останатите четворица им беше одреден затвор од по 11 години.
Станува збор за недостапните Р.К. и Н.И., и за обвинетите А.К., Г.П., И.М., Т.С., Љ.С. и Ц.К. на кои им се судеше во скопскиот Кривичен суд.
По објавувањето на пресудата, а по консултации на Советот, донесено е решение со кое мерката притвор за обвинетите Г.П., И.М., Т.С, Љ.С. и Ц.К се продолжува до почнување на издржувањето казна затвор, додека за обвинетиот А.К. се укинуваат превентивните мерки.
Високите затворски казни се изречени за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, односно поради тоа што сега осудените набавиле и пренесувале 300 килограми марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.