Уште еден турски министер од владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган поднесе оставка, Станува збор за министерот за животна средина, Ердоган Бајрактар кој е инаку трет министер кој се реши на овој чин по избувнувањето на корупцискиот скандал во земјата. Претходно, министрите за економија и за внатрешни работи на Турција Зафер Чаглајан и Муамер Ѓулер исто така дадоа оставки, пред се бидејќи нивните синови се меѓу 24 уапсени.
Во својата писмената оставка министерот Чаглајан пишува дека истрагата е „заговор“ против Турција и против владејачката Партија на правдата и развојот.
Премиерот Ердоган пак во обраќање пред локалните лидери на неговата партија се огради од министрите што дадоа оставки.
-Партијата останува решителна во борбата против корупцијата- истакна тој.
Ердоган оценува дека неговата Влада е, како што вели, цел на меѓународен заговор, во кој учествуваат медиумите и банди од Турција.
-Има медиумски институции, организации и банди во Турција, кои мислат за странски интереси, а не за интересите на сопствената држава и работаат како шпиони- посочи турскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


