| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на Сузан Бојл: Дај ми ги парите или ќе те убијам

Susan Bojl

Британската ѕвезда на шоуто „Јас имам талент“, Сузан Бојл открила дека била приморана да му подари повеќе од 65.000 евра на својот брат Гери, бидејќи ѝ се заканил дека ќе јаубие доколку не му ги даде парите..

Инаку нејзиниот брат е бизнисмен кој поседува фабрика, а со парите на својата сестра сакал да го обнови старото кино во Единбург, каде би сакал да организира забави. Иако останала вчудоневидена од заканата на својот брат, Сузан попуштила под неговите закани, бидејќи сакала да му ги разубави празниците.

Сузан Бојл продаде повеќе од 14 милиони албуми ширум светот, а неодамна го објави својотчетври албум „Home for Christmas“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top