| четврток, 6 декември 2018 |

Големо невреме во Велика Британија и Франција

nevreme-se-priblizava-francuskoj-1382907285-388023

Големо невреме ја зафати Велика Британија и Франција. Јужните и западните делови на Велика Британија веќе трет ден се погодени од поројни дождови и силни ветрови со брзина од речиси 130 километри на час.
Бурата „Дирк“ остави околу 50.000 објекти без електрична енергија, а поради поројните дождови се излеаја и многу реки. Отежнато се одвива и патничкиот, железничкиот и воздушниот сообраќај, а сосотјбата е дополнително влошена и поради патувањата на милиони Британци за божикните празници.

Бурата го затвори и аеродромот во францускиот град Ница. Жителите на блиските градови добија СМС пораки од локалните власти со предупредување за невреме. За денеска се очекува на средоземниот брег на Франција да наврнат над 120 милиметри дожд.

Портокалова тревога е објавена во пет југоисточни и три западни француски департмани. Надојдена вода се уште има на улиците на градот Кемперле во северозападната област Бретања, каде поради поплавите беше урната четирикатна зграда, но жителите навреме успеале да го напуштат објектот.

За време на божикната миса во една од црквите во алпскиот град Гијестар поради обилните дождови се урна дел од покривот на храмот, при што е повреден 45-годишен свештеник.

Синоптичари предупредуваат на опасност од појава на лавини, пред се во делот на јужните француски Алпи. Според прогнозите, силниот ветер и дождовите во поголем дел од Франција ќе продолжат до вторник вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top