Токму ова ја направи и омилена меѓу читателите на „Република“, кои ја прогласија Марјана за жена на годината. Таа убедливо водеше пред останатите осум кандидирани македонски девојчиња.
– Би сакала да им се заблагодарам на читателите на „Република“ и на оние кои учествуваа во спроведената анкета. Воедно ја користам приликата да им ја честитам Новата 2014 година и да им посакам она што секоја година и на себе си го посакувам, а тоа е многу здравје, љубов и среќа и многу освоени седумки – вели Марјана.

Можеби ја провоцира јавноста со нејзините жешки фотосесии, но оваа русокоса грижливо ја чува својата приватност и не сака да ја разголува, па ваквите прашања суптилно ги одбегнува.
Вие веќе долго време сте едно од најпрепознатливите лица на Државната лотарија на Македонија. Покрај вашите модни ангажмани, годинава симпатиите на јавноста ги освоивте и преку вашето учество во шоуто „Танц со ѕвездите“. Што е најзначајното што ви се случи годинава?
Марјана: Мислам дека тоа што ја одбележи оваа година, сепак, е учеството во „Танц со ѕвездите“. Тоа е лиценцирано шоу од „Би-Би-Си“, постои од 2004 година. Инаку, успешно функционира во мноу земји низ светот, доста е атрактивно и носи огромна гледаност. Со години го имам следено американскиот и италијанскиот формат и бев воодушевена кога дознав дека е откупено од страна на МРТВ. Така што со големо задоволство прифатив да бидам дел од учесниците, бидејќи сум голем вљубеник во танцот и сакам да танцувам. Самата идеја на овој проект е што поблиску да се доближи танцот до публиката и сметам дека успеавме да го постигнеме тоа со првата сезона, токму поради фактот дека има сѐ повеќе деца, а и возрасни што се заинтересирани да ги посетуваат курсевите по танц низ Македонија.
Како гледате на 2013 година?
Марјана: Можам да кажам дека 2013 година ми почна работно, со оглед на тоа што имав снимање токму на 31 вечерта (се смее). Во тој период веќе на големо се подготвувавме за почетокот на шоуто „Танц со ѕвездите“ бидејќи првата емисија се снимаше кон крајот на јануари. Тоа беше година исполнета со многу ангажмани, првенствено со игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а потоа и моето учество во првата сезона на шоуто „Танц со ѕвездите“. И покрај многуте обврски, сепак најдов време и за краток одмор, кој го искористив во септември. Го посетив островот Санторини во Грција, каде што уживав во неверојатната глетка и неповторливото зајдисонце.

Колку сметате дека „Танц со ѕвездите“ ви помогна во кариерата?
Марјана: Овој проект многу ми помогна во тоа јавноста да ме запознае во едно поинакво светло. Ова беше совршена можност да ги покажам моите танцувачки способности, а сето тоа низ една голема дружба и забава со останатите учесници и луѓето од „Dream Factory“. За мене тоа претставува незаборавно искуство и тука би сакала да им препорачам на јавните личности да не се плашат, т.е да го прифатат предизвикот и да ја почувствуваат магијата на танцот.
Што е она што планиравте, а не успеавте да го направите?
Марјана: Буквално, оваа година немав време ништо да испланирам, а и во суштина не сум личност која прави некои долгорочни планови, туку едноставно оставам спонтано да ми се случуваат работите.

Бевте актуелна и позната и пред ангажманот во Лотарија на Македонија, но сите ве знаат како лото-девојка, нешто по што на времето беше препознатлива Сузана Манчиќ. Како го доживувате тоа што сте нејзина „наследничка“?
Марјана: За игри на среќа се бара личност која шири позитивна енергија и влева надеж кај играчите. Тоа не може да се одглуми . Или го имаш или го немаш. А за да бидеш дел од игрите на среќа, првенствено треба да ги сакаш и да веруваш во нив. Секое коло носи нова возбуда и нова среќа. Навистина уживам додека трае извлекувањето бидејќи убаво е чувството кога знаеш дека си дел од нивната среќа, очекување, неизвесност и возбуда. Впрочем тоа е и целта на Државната лотарија на Македонија, да усреќи што поголем број семејства и да работи за општо добро на граѓаните.

Постојано на „Фејсбук“ ги изненадувате вашите обожаватели со провокативни фотографии и фотосесии во бикини, но никогаш не сме ве виделе во голо издание. Што е потребно за Марјана да покаже уште повеќе.
Марјана: Како дел од моите ангажмани за оваа година беше и кампањата за турскиот познат бренд „Пенти“, односно колекцијата костими за капење 2013 година. За таа цел беше изработен рекламен спот, како и фотографии кои ги изработи тимот на „Sustain Entertainment“, на чело со талентираниот и успешен режисер и фотограф Даниел Јовески. Тоа беше доста успешен проект и предизвика големо внимание кај нашата јавност.
Која е цената да се биде славен и колку тоа ви помогна или одмогна во љубовта?
Марјана: Сметам дека овие две работи немаат допирни точки бидејќи љубовта апсолутно нема врска со тоа дали и колку некоја личност е славна или, пак, не. Сведоци сме на успешни врски меѓу јавни личности и оние кои се занимаваат со сосема различна професија. Сепак, за да опстои една љубовна врска, поважни се многу други работи, како меѓусебно разбирање, толеранција и заемна доверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!


