
Виктор Ерофеев
Еден од двајцата добитници на меѓународната книжевна награда „Табернакул“, рускиот писател Виктор Ерофеев, утре, в четврток, ќе биде гостин на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и ќе одржи предвања на тема „Зошто книжевноста е таинствена“.
Ерофеев е исклучителен прозаист, но и есеист, книжевен критичар во неколку важни светски книжевни списанија, колумнист, водител на своја ТВ-емисија со наслов „Апокриф“, полемичар. Според македонскиот писател Венко Андоновски, станува збор за автор од светски калибар.
– Оттаму, средбата со Виктор Ерофеев која ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ претставува единствена и неповторлива можност, македонските универзитетски професори, студентите, книжевниците и македонските вљубеници во убавата литература, лично да разговараат со едно од најголемите имиња на современата руска книжевност, и тоа за низа прашања кои ги опфаќа провокативната и интересна тема на неговото предавање – вели Андоновски.
Ерофеев втор ден е во Скопје, прошетал по градот и забележал дека многу сличности во јазикот меѓу Русија и Македонија.
– Еве, денес е Божик за католиците, а само ние, Србите и Македонците го славиме на 7 јануари. Се разбираме со јазикот – вели Ерофеев.
„Табернакул“ во негова чест ги преведе „Руска убавица“ и „Акмудија“.
– Моите книги се преведени во 40 земји во светот, но мора да признаам дека немам видено таков брз превод како овој во Македонија – рече рускиот писател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


