| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиев: Собранискиот Деловник се носи со консензус

СДСМ денеска оцени дека со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Деловникот за работа во Собранието ќе се овозможи поефикасно суспендирање на демократијата

07022013150544_gordan georgiev1353400012
-Собранискиот деловник е алатка која на пратениците им обезбедува фер правила за политичка и демократска дебата. Суштината на овој деловник е да ја обезбеди и осигура демократската дебата во рамките на Собранието и со тоа да ја зачува демократијата во земјата од евентуалните злоупотреби на извршната власт- изјави потпретседателот Гордан Георгиев.

Тој додаде дека во демократските општества ваков документ се носи со консензус на сите партии и оти обидот да се донесат измени на Деловникот во отсуство на опозицијата потврдува дека во Македонија нема демократија.

Во врска со предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за формирање на експертска комисија за надминување на кризата, Георгиев истакна дека ваквата иницијатива е прифатлива само ако таа биде дел од пакетот за предвремени парламентарни избори.

Според него, со политичка волја и политички договор меѓу власта и опозицијата, остварливо е барањето за предвремени парламентарни избори, иако се поминати сите законски рокови за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top