
Речиси 50.000 евра во пари и еден златник е пленот на крадците кои од понеделникот вечер до вчера провалиле во две куќи и еден ресторан, соопштува полицијата.
Вчера на улицата Ордан Чопела во Скопје непознат сторител провалил во куќата на Р.Н.(35), од каде што одзел 25.000 евра, 150.000 денари и златник стекнувајќи се со противправна имотна корист од 1.700.000 денари (27.650 евра).
Ноќта меѓу понеделникот и вторникот засега непознат крадец провалил во угостителскиот објект „Александрија А“ на улицата Филип Втори Македонски во Скопје. Потоа го отворил металниот сеф, во кој имало 10.600 евра, сопственост на сопственикот на ресторанот А.Н.(49), како и 92.000 денари од фирмата.
Вчера, пак, во гостиварското село Форинот, крадец влегол преку незаклучена врата во куќата на Ф.А.(35) и украл 10.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


