| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: 75 работодавци од вкупно 249 не ги почитуваат препораките за загаден воздух

Министерот за труд и за социјална политика, Диме Спасов, истакна дека одреден процент од работодавците не ги почитуваат препораките за заштита од загадениот воздух.

-Досега се направени вкупно 249 надзори, од кои 180 редовни и 69 контролни, при што препораката се почитува од 174 работодавци, додека, пак, кај 75 не се почитува и се донесени решенија за забрана за извршување на дејност во определен временски период –  вели Спасов.

Тој посочи и дека сите тие што сакаат да ги почитуваат препораките од Владата, а спаѓаат во категориите бремени жени, лица постари од 60-годишна возраст, кои имаат проблеми со здравјето и астматичари  имаат право истите да ги користат со препорака од матичен лекар.

-Доколку работодавецот не дозволи овие лица да бидат ослободени од работа во тој случај самите треба да пријават до Државниот инспекторат за труд со цел инспекторите да преземат мерки, односно да го задолжат работодавецот да постапува според препораките или да изречат друга парична казна – објасни министерот и додаде и дека до Министерството за труд и за социјална политика досега стигнале неколку поплаки и дека е постапено по нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top