| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за католичкиот Божик

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, на граѓаните во Република Македонија, кои денес го прославуваат рожденството Христово – Божик по Грегоријанскиот календар им го честита големиот христијански празник и им посака пријатни празнични мигови.

– Ова е празник што зближува и кој нè потсетува на традиционалните вредности на хуманост, разбирање и меѓусебно почитување. Празниците се денови на радост и среќа, која треба да ја споделиме со сите други. Споделената среќа е уште поголема – се вели во честитката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top