Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Културно- информативниот центар вчера ја отворија изложбата ДЛУМ „Мал формат“, на која од страна на ДЛУМ се доделија значајни признанија од областа на ликовната и визуелната уметност. Добитници на наградите се:
Награда „Димитар Пандилов“ за сликарство-мал формат – Данчо Ордев за делото „1112-3“
Награда „Драгутин Аврамовски Гуте“ за графика-мал формат – Љубица Мешкова Солак за делото „По Кле“
Награда „Димо Тодоровски„ скулптура-мал формат – Александар Ефтимовски за делото „Композиција“
Од страна на Културно-информативниот центар се доделија наградите:
Награда „Адем Кастрати“ – Зарије Амдиу
Награда „Константин Мазев-Коце“ – Менсур Бојда
Награда „Вангел Коџоман“ – Јакуп Хајро
На изложбата се претставија 75 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, со вкупно 140 ликовни дела.
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.