
На скопскиот аеродром изутринава се откажани летовите од и за Истанбул, а во текот на ноќта се реализирани предвидените полетувања и слетувања за и од Љубљана.
Според Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива тековно, по влажни коловози.
Врнежи од слаб дожд има во југозападниот и во источниот дел од земјава. Во клисурите и усеците се можни помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Крак – Стража, Д. Капија – Удово и Катланово – Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


