| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановиќ: Верувам дека можам да се вратам во топ 10

US Open Tennis

Српската тенисерка Ана Ивановиќ верува дека може да се врати на листата на ВТА со топ 10 тенисерки во 2014 година.

– Мојата игра е сѐ подобра. Играм сѐ подобро. Мотивацијата ми е на високо ниво. Треба само да продолжам напорно да работам. Верувам дека можам да се вратам во првите десет – изјави Ивановиќ.

Минатата година играв на високо ниво со најдобрите тенсиерки на светот. Бев близу до победата над Азаренка на ОП на САД. Тоа ми даде дополнителна мотивација дека можам да се вратам. Тоа беше важен чекор дека можам да игра солидно и против најдобрите – додаде Ивановиќ.

По освојувањето на Ролан Гарос, српската тенисерка се најде на првото место на листата на ВТА, но оттогаш бележи само лоши резултати.

– Првото место е сон на секој спортист. Кога си прв во светот, сите останати сакаат да те победат. Не можев да се справам со притисокот – заклучи Ивановиќ.

Во моментов најубавата тенисерка на светот се наоѓа на 16. место на листата на ВТА .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top