| четврток, 6 декември 2018 |

Гласовите од публиката ќе одлучат дали Раденови ќе се вратат во шоуто

Во синоќешната епизода на „Икс-фактор“ и претставувањето во домовите на судиите, браќата Иван и Кико Раденов не ја воодушевија Кристина Ковач доволно за да ги пушти натаму во натпреварувањето.

Настапите во живо почнуваат со полуфиналето на 7 јануари. Дотогаш публиката има можност да гласа за отпаднатите кандидати, меѓу кои се и единствените Македонци, браќата Раденови.

Еден од спонзорите на шоуто, „Raiffeisen Club – Srbija“, овозможува преку гласањето на нивната страница на „Фејсбук“, во шоуто да се врати по еден кандидат од секоја група.

Резултатите ќе бидат објавени на првиот настап во живо.

Оние што успеаја да ги воодушеват своите ментори, пак, меѓу кои и македонските кандидати Даниел Кајмакоски и Фифи, веќе активно работат на своите први настапи во живо пред милионската публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top