| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведува Тори Спелинг?

Глумицата Тори Спелинг, која сите ја паметиме како Дона од популарната серија „Беверли Хилс“, е пред развод, според пишувањата на магазинот „Ју ес викли“.

Нејзиниот сопруг Дин Мекдермот е фатен во лага бидејќи жената со која неколку пати имал сексуални односи им ја продала приказната на медиумите.

Таа тврдела дека тие повеќе пати имале секс и дека Дин ѝ го покажувал домашното видео што го направил со неговата жена.

Тори сè уште не го демантирала ниту го потврдила пишувањето на магазинот „Ју ес викли“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top