| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи јавно ја побара поддршката на родителите (ВИДЕО)

Филип Јаневски – Фифи, како што самиот се декларира – жена заробена во машко тело, вечерва не можеше да ги задржи солзите-радосници кога ја слушна одлуката на нејзиниот вокален тренер Кристина Ковач. Фифи продолжува понатаму во полуфиналето на „Икс фактор“, но она што најмногу го погоди, беа зборовите на менторката – дека е време публиката во него да го гледа она што е важно, а тоа е неговиот талент.

Во разговор со македонската водителка Снеже Велков, Фифи ризна дека конечно се чувтвува сигурен и горд во себе и дека во шоуто за рв пат го гледаат како човек, а не како „фрик“. Тој призна дека навистина му фали поддршката на родителите и јавно побара да ја добие.

Ова е настапот на неговото дуо „H2O“, за кој Кристина и нејзината советничка Леонтина коментираа дека иако има неправилности во изведбата, Фифи и Маринела имаат магија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top