
Дали Зоран Заев, лидерот на СДСМ и прв човек на Општина Струмица ја регистрирал невладината организација на која префрлал пари од општинската каса? Тој во интервју за државната МТВ тврдеше дека невладината не ја формирал тој, туку Советот на општина Струмица.
Но телевизија Сител денеска излезе со поинакви тврдења. Тие велат дека дошле до документи кои покажуваат дека невладината Младински совет во Централниот регистар ја регистрирал токму струмичкиот градоначлник.
-Сител се обиде да провери, дали за оваа регистрација тој добил овластување од општинскиот совет, но нашиот обид заврши без успех, односно добивме одговор дека писмено е ни одговорат – објави Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?


