| четврток, 6 декември 2018 |

Правничка од Кочани изгреба 60.000 денари

Ланисиран неодамна, последниот инстант лоз од Државната лотарија на Македонија, „Подарок“, веќе ја носи насмевката и задоволството од игра кај граѓаните.

Правничката Надица Јефремова од Кочани е првата која од „Подарок“ доби суперподарок – 60 илјади денари. Таа е вљубеник во НОВОЛОТО 7/34, но ете одлучила својата среќа да ја тестира со нов предизвик, играње инстант лотаријата „Подарок“. Пред завршницата на годинава таа го избрала својот инстант лоз „подарок“ во продажното место „Балила“ во Кочани, па сега навистина отпуштено може да ужива во сите благодати на празниците кои следат, благодарение на убавата премија која ја освои.

Само за потсетување, инстант лотаријата „Подарок“ има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот „подарок“ ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или  каков било друг повод. Со добивките од лозот „подарок“ развеселете се самите или другите, се вели во соопштението на Државната лотарија.

Цената на лозот „Подарок“ е 50 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 50 до 60.000 денари. За повеќе забава вклучени се и помали добивки, кои го прават секој трет лоз е добитен, но и ги зголемуваат шансите за повеќе забава. Трите идентични суми во лозот се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа.

Инстант лотаријата е исклучително забавна игра на среќа и за мали суми нуди можности за големи добивки. Во големото семејство на инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија се инстант лозовите: Среќни тркала, Твингоманија 2, Смајли , Детелинка, Среќни коцки, 7ма Брзина, како и Експрес-лозот со симбол – кафе.

Инстант лозот „подарок“ од викендов ќе може да го пронајдете во сите продажни места со  знакот на детелинка низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top