| четврток, 6 декември 2018 |

Договор за плата според сработеното

Mинистерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и за социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, доцна синоќа потпишаа анекс на Колективниот договор со што е постигнат договор за надминување на состојбите по неодамнешниот штрајк на лекарите

Реформата плаќање според сработеното во здравството да се спроведува при формирање на висината на платите. За специјалистите е утврдено да добијат зголемување на платите од 19,2 проценти во период од 15 месец.

Според договореното, како што потврдуваат од Министерството за здравство, проектот ќе се модификува со квартална пресметка што значи дека сработеното ќе се пресметува на секои три месеци и специјалистот ќе зема плата според сработеното како просек од трите последни месеци со што ќе се отвори поголема можност за корекција.

Утврдена е и обврска директорот да му укаже на здравствениот работник што имал помала работна успешност и да му овозможи да оствари 100 проценти плата, воведен е и администратор што ќе го врши целото внесување интервенции за да не се оптоварува здравствениот работник со административни работи.

Специјалистите  добиваат зголемување на платите во висина од 19,2 проценти во период од 15 месеци. Веќе од февруари специјалистите ќе добијат зголемени плати за 4,8 проценти. Второто зголемување од 4,8 проценти ќе биде во октомври, а во мај в година платите ќе се зголемат за уште 9,6 проценти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top