Утревечер, во строгиот центар на Скопје, поточно на самиот плоштад „Македонија“, се отвора нов ноќен клуб наречен „ХО“. Клубот ќе биде сместен во просторот на поранешната дискотека „Б2“.
Mенаџерскиот тим најавува опуштени мигови кои му недостасуваа на скопскиот ноќен живот, журки со домашни и странски диџеи и интересна неделна програма.
– Клубот за скопјани ќе понуди урбана забава во еден сосема нов и поинаков амбиент – најавуваат тие.
Вратите на клубот ќе бидат отворени утревечер, 25 декември, од 23 часот.
„ХО“ клуб, за Х можности!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


