| четврток, 6 декември 2018 |

Колкава е вистинската вредност на тендерите на семејството Заеви?

Лидерот на СДСМ и градоначалник на Општина Струмица, Зоран Заев, во неделниот дневник на МТВ, покрај другото, говореше и за тендерите кои Општина Струмица и нејзините институции ги доделувале на фирми од семејството Заеви.

zaev-mreza11-645x360

На поставеното новинарско прашање „Дали е етички и политички морално, ваши блиски роднини, татко, брат, чичко, братучеди да ги добиваат тендерите во општина Струмица во време кога Вие раководите со општината“, Зоран Заев одговори:

„Еве вака, овие тендери се со вредност од 108.000, 84.000, 35.000 денари“

Меѓутоа, фактите го покажуваат токму спротивното. Македонската јавност изминативе неколку месеци, во неколку наврати имаше можност подетално да ја види и дознае вистниата. Во медиумите се појавија документи од кои можеше да се забележи дека тендерите кои ги добивале членови од потесното семејство на Зоран Заев, имаат далеку поголема вредност од таа што ја спомена Зоран Заев, објави „Курир“.

Според документите кои се појавија во јавноста изминатиот период, фирмите чии сопственици се таткото и братучедот на Зоран Заев, Панче и Трајче Заев, во изминативе неколку години имаат добиено тендери со огромна вредност. Како пример „Курир“ наведуваат само неколку.

Имено, фирмата „Зови Промет“ на Панче Заев, во 2009 година има добиено тендер во вредност од 5.350.000 денари, а во 2011 година, фирмата исто така, има добиено два тендери со вкупна вредност од околу 15 милиони денари.

Фирмите АД Пелагонија и ИГМ Еленица, каде фигурира братучедот Трајче Заев, исто така има добивано тендери со далеку поголема вредност од таа што ја тврди Зоран Заев. АД Пелагонија во 2008 година има добиено тендер во вредност од 2.758.362 денари, додека пак во минатата 2012 година има добиено 1.977.550 денари. Ист е случајот и со фирмата ИГМ Еленица, која во период од една година, помеѓу 2008 и 2009, има добиено два тендери со вкупна вредност од околу 2 милиони денари.

Ако се соберат средствата кои само овие фирми во сопственост на семејството Заеви ги добиле од буџетот на општината со која раководи Зоран Заев во изминативе пет години, се добива огромна сума од околу 60 милиони денари.

Очигледно, ова е далеку поголема вредност од онаа која Зоран Заев ја кажа во дневникот на МРТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top