
Најголемиот нискотарифен превозник во централна и во источна Европа, „Визер“, ја потврди најновата дестинација од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Од 4 април 2014 година, двапати неделно, во понеделник и во петок, со Ербас А320 ќе бидат поврзани Скопје и Келн.
Со оваа, четврта, дестинација до Германија, покрај Минхен, Дортмунд и Франкфурт, дополнително ќе се зајакнат врските помеѓу двете земји. Мрежата на дестинации на „Визер“ од Скопје се состои од 14 дестинации во осум земји.
Авиобилетите за Скопје-Келн се достапни со почетна цена од 29 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


