
Сојузот на Титови леви сили ќе поведе судски процес за одземање на регистрацијата на СДСМ во која се наведува дека се наследници на СКМ. Ваквата одлука доаѓа по донесената декларација на неделникот Конгрес на партијата со која Сојузот на Титови леви сили е прогласен за единствен наследник на Комунистичката партија на Македонија, односно Сојуз на комунисти на Македонија.
Слободан Угриновски, старо-новиот претседател на партијата изјави:
– Со оваа Декларација му се оспорува правото на самопрогласениот СДСМ да биде наследник на СКМ, бидејќи ниту СДСМ ниту која било друга регистрирана политичка партија во својата програма нема идеи за самоуправување, за враќање на работничката класа, за реафирмација на политиката на неврзаните, за разоружување и неупотребата на сила, за почитување на интегритетот на сите држави во светот, за немешање во внатрешните работи и неменување на границите на Балканот и ЕУ.
Тој нагласува дека ќе побаат целиот имот на СКМ кој го користи СДСМ (згради, простории), а истиот е изграден или купен од членарините на некогашните комунисти и граѓаните на РМ и да се врати во сопственост на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


