| четврток, 6 декември 2018 |

Тузла: Ја убил сопругата со нож на автобуска станица

На автобуска станица во Тузла вчера маж со нож ја усмртил својата сопруга.

Како што тврдат очевидците, луѓето кои биле на местото на настанот успеале да го совладаат и да го предадат на полицијата.

-Според некои информации дознаваме дека се работи за брачен пар, а граѓаните кои се нашле на тоа место изјавуваат дека пред убиството имале жестока расправија меѓу двајцата сопружници, изјавил потпаролот на полицијата.

Синот на брачниот пар вознемирено стигнал на местот на злосторството, по што полицијата морала физички да го совлада, поради големата потресеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top