
Само неколку недели по промоцијата на колекцијата „Премиум“, македонската креаторка Тања Кокев синоќа во хотелот „Александар палас“ ја претстави колекцијата венчаници за наредната година.

Венчаниците на Кокев се едноставни – класични, бели, нежно розови, по малку романтични и имаат ретро призвук. Кокев ја покажа невестинската класика видена низ нејзините очи. Колекцијата се одликува со минимализам, едноставни форми, но се забележуваат и модерни изведби. Венчаниците се украсени со тантела, рачни везови, бисери и кристали.

Оваа година беше неверојатно успешна за Кокев, која го промовираше и својот прв парфем „Актрес“, чие заштитно лице е македонската актерка Јелена Јованова.

Целата галерија може да ја погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


