| четврток, 6 декември 2018 |

Про­нај­де­те ја со­вр­ше­на­та вен­ча­ни­ца

Се­зо­на­та на вен­ча­вки е во полн ек и на се­ко­ја не­ве­ста ѝ е по­треб­на вен­ча­ни­ца ка­ква што отсе­ко­гаш по­са­ку­ва­ла. Тоа е еден од нај­важ­ни­те де­но­ви во жи­во­тот и нор­мал­но е да по­са­ку­ва­те вен­ча­ни­ца­та да би­де единс­тве­на и со­вр­ше­на. Освен ди­зај­нер­ски­те вен­ча­ни­ци, сè по­го­лем број поз­на­ти тр­гов­ски мар­ки во сво­ја­та по­ну­да има­ат не­ве­стин­ска ко­лек­ци­ја.

Кои се нај­го­ле­ми­те трен­до­ви за оваа се­зо­на?

pronovias-vencanice-2016.

Кла­сич­ни вен­ча­ни­ци

Тра­ди­ци­о­нал­ни­те вен­ча­ни­ци ни­ко­гаш не из­ле­гу­ва­ат од мо­да и се­ко­гаш ќе има же­ни и де­вој­ки кои ќе од­бе­рат тра­ди­ци­о­на­лен мо­дел на вен­ча­ни­ца.

Бо­хо вен­ча­ни­ца

PicMonkey-Collage1-1000x500

Бохо-стил е еден од го­ле­ми­те трен­до­ви оваа се­зо­на, а не ги за­о­би­ко­ли ни­ту вен­ча­ни­ци­те. Сѐ по­го­лем број де­вој­ки на­ме­сто кла­сич­ни, од­би­ра­ат вен­ча­ни­ци во бо­ем­ски стил или поз­нат и ка­ко бо­хо-стил, со вен­че во ко­са­та и со не­на­мет­ли­ва шмин­ка.

Кра­тки вен­ча­ни­ци

„Отка­че­ни­те“ де­вој­ки и же­ни се­ко­гаш са­ка­ат да би­дат по­и­на­кви. Че­сто се ре­ша­ва­ат за кра­тки вен­ча­ни­ци во кои изг­ле­да­ат мно­гу сла­тко.

Ко­стум за вен­ча­вка

Не­кои же­ни ед­но­став­но не са­ка­ат да но­сат фу­ста­ни и по­ра­ди тоа из­би­ра­ат пан­та­ло­ни, ду­ри и за вен­ча­вка­та. Овие ко­сту­ми мо­же да изг­ле­да­ат мно­гу женс­тве­но и еле­гант­но.

Вен­ча­ни­ци со В-израз

Еден од го­ле­ми­те трен­до­ви оваа се­зо­на се вен­ча­ни­ци­те со не­о­бич­ни изра­зи, впе­чат­ли­ви око­лу­врат­ни­ци и дла­бо­ки де­кол­теа.

Го­ли ра­ме­ни­ци

7651_b_0

Го­ли­те ра­ме­ни­ци се­ко­гаш се акту­ел­ни ко­га ста­ну­ва збор за вен­ча­ни­ци, а го­лем број та­кви мо­де­ли прет­ста­ви и Оскар де ла Рен­та. Овие вен­ча­ни­ци ни­ко­гаш не из­ле­гу­ва­ат од мо­да, не­ве­сти­те са­ка­ат да ги но­сат, по­себ­но оние што се вен­ча­ва­ат во ле­то.

Вен­ча­ни­ци во бо­ја

roze-venčanica

Ако на­ви­сти­на са­ка­те да би­де­те ори­ги­нал­ни и по­и­на­кви, но­се­те вен­ча­ни­ца во бо­ја. Бо­ја­та на сло­но­ва­та ко­ска, шам­пањ-бо­ја­та и крем-бо­ја­та се во тренд не­кол­ку го­ди­ни, а оваа го­ди­на по­себ­но се истак­наа вен­ча­ни­ци­те во ро­зо­ва и во неж­на си­на бо­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top