| четврток, 6 декември 2018 |

До­бит­ни­ци­те Ор­хан Па­мук и Ви­ктор Еро­фе­ев во Скоп­је

За на­гра­да­та на тур­ски­от пи­са­тел Па­мук, до­бит­ник на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да во 2006 го­ди­на, и за ру­ски­от автор Еро­фе­ев, до­не­се од­лу­ка од­бо­рот за до­де­лу­ва­ње на на­гра­да­та во чиј­што со­став чле­ну­ва­ат лан­ски­те до­бит­ни­ци Ми­лан Кун­де­ра и Љу­би­во­је Ршу­мо­виќ, по­тоа Фе­рид Му­хиќ, Го­ран Сте­фа­нов­ски, Вен­ко Ан­до­нов­ски и Цве­тан Вра­жи­вир­ски

Pamuk-2

Свет­ски­те пи­са­тел­ски ими­ња Ор­хан Па­мук и Ви­ктор Еро­фе­ев утре во Скоп­је треба да ја примат ме­ѓу­на­род­на­та кни­жев­на на­гра­да „Та­бер­на­кул“, ко­ја се до­де­лу­ва втор­пат. Во нив­на чест из­да­вач­ка­та ку­ќа „Та­бер­на­кул“ ги из­да­де кни­ги­те „Не­ми­от дом“ и „На­ив­ни­от и сен­ти­мен­та­лен ро­ма­но­пи­сец“ од Па­мук и „Ру­ска уба­ви­ца“ и „Аки­му­ди­ја“ од Еро­фе­ев.

До­де­лу­ва­ње­то на на­гра­да­та ќе се одржи утре, во 20 часот, во но­ви­от об­јект на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, на ке­јот на Вар­дар. Оваа ме­ѓу­на­род­на кни­жев­на на­гра­да е под по­кро­ви­телс­тво на Вла­да­та на Ма­ке­до­ни­ја.

Планирано е на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­да­та бе­се­да за Па­мук да одр­жи Фе­рид Му­хиќ, а Вен­ко Ан­до­нов­ски треба да го­во­реи за тво­реш­тво­то на Еро­фе­ев.

За на­гра­да­та на тур­ски­от пи­са­тел Па­мук, до­бит­ник на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да во 2006 го­ди­на, и за ру­ски­от автор Еро­фе­ев до­не­се од­лу­ка од­бо­рот за до­де­лу­ва­ње на на­гра­да­та во чиј­што со­став чле­ну­ва­ат лан­ски­те до­бит­ни­ци Ми­лан Кун­де­ра и Љу­би­во­је Ршу­мо­виќ, по­тоа Фе­рид Му­хиќ, Го­ран Сте­фа­нов­ски, Вен­ко Ан­до­нов­ски и Цве­тан Вра­жи­вир­ски.

На­гра­да­та по­драз­би­ра об­ја­ву­ва­ње кни­га од на­гра­де­ни­от автор, ко­ја до­се­га не би­ла об­ја­ве­на кај нас. Исто та­ка, вклу­чу­ва и па­рич­на на­гра­да од 5.000 евра, ка­ко и злат­ник со име­то на до­бит­ни­кот, кој, всуш­ност, е член­ска кар­та за влез во Кни­жев­на­та ака­де­ми­ја „Та­бер­на­кул“.

– Ор­хан Па­мук и Ви­ктор Еро­фе­ев се но­ви­те ре­пер­ни точ­ки на кул­тур­на­та ма­па, ко­ја се­којд­нев­но ја до­цр­ту­ва­ме, ре­пер­ни точ­ки, кои во исто вре­ме се те­ме­ли на не­вид­ли­ви па­ла­ти низ кои са­мо мо­же да се ми­не, а не мо­же да се ур­нат, лен­ге­ри на бро­до­ви, кои се за­ко­тви­ле да истра­жу­ва­ат по тем­но­то и не­од­гат­ли­во дно на ду­ша­та. До­де­лу­ва­ње­то на оваа на­гра­да са­ка­ме да би­де и еруп­тив­на по­бу­на про­тив оп­шти­от пад на мо­ра­лот и про­тив те­мел­ни­те вред­но­сти, ди­мен­зи­ја што е не­оп­ход­на де­нес, во овој комп­ју­те­ри­зи­ран ви­тел што гол­та – из­ја­ви Вра­жи­вир­ски на об­ја­ву­ва­ње­то на до­бит­ни­ци­те на на­гра­да­та.

Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска, ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра, из­ја­ви де­ка ме­ѓу­на­род­на­та кни­жев­на на­гра­да „Та­бер­на­кул“ прет­ста­ву­ва про­мо­ци­ја на свет­ски кни­жев­ни авто­ри­те­ти на ма­ке­дон­ски ја­зик, но, што е по­важ­но, и про­мо­ци­ја на ма­ке­дон­ски­от ја­зик, кул­ту­ра и иден­ти­тет.

– Со еден збор – про­мо­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја во све­тот. За­тоа, со иск­лу­чи­тел­на ра­дост ја поз­дра­ву­ва­ме и под­др­жу­ва­ме оваа иде­ја на „Та­бер­на­кул“, за ко­ја, си­гур­ни сме, еден ден ќе го­во­ри­ме ка­ко за не­од­мин­ли­ва ма­ке­дон­ска кул­тур­на тра­ди­ци­ја – из­ја­ви Кан­че­ска-Ми­лев­ска.

Пи­са­те­ли­те треба да добијат и скулп­ту­ра, ко­ја е де­ло на ака­дем­ски­от ва­јар Го­ран Ста­мен­ков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top