| четврток, 6 декември 2018 |

Ка­де што има европ­ска со­ли­дар­ност, не­ма ме­ѓу­на­род­но пра­во

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

Пет­то­то по ред од­би­ва­ње на Европ­ски­от со­вет да доз­во­ли по­че­ток на при­стап­ни пре­го­во­ри со Ма­ке­до­ни­ја се­ри­оз­но ги на­мет­ну­ва ди­ле­ми­те за ко­го ва­жи ме­ѓу­на­род­но­то пра­во, што по­драз­би­ра европ­ска­та со­ли­дар­ност и ка­де се гра­ни­ци­те. Бри­сел во оби­дот да се изв­ле­че од не­при­јат­на­та си­ту­а­ци­ја во ко­ја ја ста­ви Ати­на и да ги оправ­да по­стап­ки­те со кои ги по­га­зу­ва сопс­тве­ни­те пра­ви­ла и кри­те­ри­у­ми, се за­гу­би во ла­ви­рин­тот на лаж­ни вред­но­сти во кои не ве­ру­ва ни са­ми­от, а ка­мо­ли оние што се оби­ду­ва да ги убе­ди во нив­на­та ис­прав­ност.

Кол­ку и да не са­ка не­кој да приз­нае, пре­су­да­та на ме­ѓу­на­род­ни­от суд со ко­ја на Гр­ци­ја ѝ се на­ло­жи да не го бло­ки­ра ин­те­гри­ра­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја во ЕУ ги ста­ви во мно­гу не­при­јат­на си­ту­а­ци­ја и вла­сти­те во Ати­на и ме­ѓу­на­род­ни­те фа­кто­ри. Иа­ко за­се­га пре­су­да­та не сме­ни ни­што кон­крет­но во од­не­су­ва­ње­то на грч­ки­от др­жа­вен врв кон овој проб­лем, за­вр­ши до­вол­но го­ле­ма ра­бо­та во обез­ли­чу­ва­ње­то на ли­це­мерс­тво­то на га­ран­ти­те на ва­ка по­ста­ве­ни­от свет­ски по­ре­док, пред сѐ Ва­шин­гтон и Бри­сел. Пре­су­да­та не са­мо што им овоз­мо­жи на си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни да се за­поз­на­ат со од­но­сот на две­те стра­ни кон ира­ци­о­нал­ни­от спор (вклу­чу­вај­ќи ги и сом­ни­ча­ви­те во зем­ја­ва), ту­ку, за жал, и ја по­твр­ди на­род­на­та ка­де што има си­ла не­ма прав­ди­на, од­нос­но, европ­ски ка­жа­но, ка­де што има европ­ска со­ли­дар­ност, не ва­жи ме­ѓу­на­род­но­то пра­во.

Ду­ри и за­бе­ле­шки­те на еми­са­ри­те од Бри­сел, кои ре­дов­но нѐ пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка без за­вр­ше­на до­маш­на ра­бо­та мо­же да го за­гу­би­ме и тоа што го има­ме (што не е не­ви­сти­ни­то, но не е ни­ту кри­те­ри­ум по кој би­ле оце­ну­ва­ни оста­на­ти­те кан­ди­да­ти), има­ат сѐ по­ма­ла те­жи­на во ма­ке­дон­ска­та јав­ност ток­му по­ра­ди не­прин­ци­пи­ел­на­та по­ли­ти­ка на Бри­сел во обид да го за­шти­ти сво­е­то раз­га­ле­но ми­ле­ни­че, кое, пред сѐ, го не­ги­ра на­ше­то по­сто­е­ње.

Бе­зре­зерв­на­та под­др­шка што Уни­ја­та ѝ ја да­ва на Гр­ци­ја на­мет­ну­ва уште ед­но се­ри­оз­но пра­ша­ње, а тоа е ка­де е гра­ни­ца­та на европ­ска­та со­ли­дар­ност? До ка­де е под­го­твен Бри­сел да го под­др­жу­ва на­силс­тво­то на Ати­на? Да­ли европ­ско­то се­мејс­тво се со­ли­да­ри­зи­ра и со не­ги­ра­ње­то на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет и оби­дот на неј­зи­на­та член­ка да из­бри­ше цел еден на­род со не­го­ва­та кул­ту­ра и исто­ри­ја?

Ако Европ­ска­та уни­ја не са­ка це­лос­но да го за­гу­би кре­ди­би­ли­те­тот кај ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, но и по­ши­ро­ко, ќе мо­ра се­ри­оз­но да ја сфа­ти по­ра­ка­та од евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње, Ште­фан Фи­ле, и да ре­ши што ќе пра­ви со Ма­ке­до­ни­ја. Ќе ѝ доз­во­ли да го про­дол­жи па­тот и да ста­не рам­но­прав­на член­ка или, пак, јас­но ќе ѝ ка­же де­ка не­ма што да ба­ра до­де­ка не ги ис­пол­ни по­ни­жу­вач­ки­те ус­ло­ви на неј­зи­на­та член­ка, кои се спро­тив­ни и на европ­ски­те по­вел­би и на по­вел­ба­та на ОН. Сѐ оста­на­то е са­мо ли­це­мерс­тво од кое ни­кој не­ма ко­рист, ни­ту Бри­сел, ни­ту Ати­на, ни­ту Скоп­је.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top