| четврток, 6 декември 2018 |

Нула голови, нула и за играта на дербито Арсенал – Челси

Без голови заврши лондонското дерби меѓу Арсенал и Челси, во последниот меч од 17. коло во Премиерлигата. Нула голови, нула и за играта, во долгоочекуваниот дуел на старите познаници Арсен Венгер кој го предводи Арсенал и Жозе Мурињо, стратегот што се врати на клупата на Челси.

Малку изгледни шанси имаше во текот на 90 минути, една пречка за гостите во првиот дел и три добри позиции во второто полувреме за погодок на „топчиите“ кои беа домаќини. Арсенал по ремито го дели првото место со Ливерпул, а двете екипи имаат по 36 бода, со тоа што Ливерпул има подобра гол-разлика.

Густо е во горниот дел на табелата во Премиерлигата пред стартот на предновогодишните возбудувања и популарниот „Boxing day“. Зад Ливерпул и Арсенал со еден бод помалку е Мначестер сити, потоа следат Челси и Евертон со по 34 бода, а Њукасл и Тотенхем имаат по 30. Манчестер јунајтеде го затвара кругот на кандидати за титулата со 28 бода на осмото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top