Илчо Захареив, градоначалникот на Штип додели новогодишни пакети со храна за работниците кои работат на изградбата на коменото корито во реката Отиња.
Овие работници во текот на изминатите неколку месеци го изградија и уредија коритото на реката Отиња, од мостот кај Стопанска банка до Камениот мост, а до април 2014 година ќе го уредат и коритото од мостот кај општина Штип до Камениот мост.
– Овие луѓе несебично и трудољубиво успеаја оваа место да биде пријатно за штипјани, а на овој начин ја променивме и сликата во овој дел, рече Захариев.
Тој додаде дека прехранбени пакети ќе добијат социјалните случаи и стечајните работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.