| четврток, 6 декември 2018 |

Работната група за Изборниот законик ги договори правилата

glasanje-480x320

Фиксни донации од максимум 50 илјади евра, износ кој ќе важи и за медиумите, како и рамномерно медиумско претставување за власта и опозицијата на јавниот радиодифузен сервис, е резултатот од синоќешната средба Работната група за Изборната законик, објави „Алфа“.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, постигнале согласност највисокиот износ за изборна донација од правно лице да биде 50 илјади евра, барање во кое ќе влезат и медиумите, што им одговарало и на опозицијата и на власта.

Се договориле и за претставувањето на програмите на МРТВ – по 1/3 за власта и опозицијата од вкупното траење на информативната програма во време на кампања, како и по три часа на собранискиот канал.
Нема согласност за должината на платеното рекламирање.

Има ненадминливи разлики околу одвојувањето на партијата од државата. Односно, дали се можни и кога – сечење на ленти, почеток на проекти или отворање на постапка за нив, вонредна исплата на субвенции, плати, пензии, социјална помош и вработувања во тек на изборниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top