Тиери Анри (36), францускиот фудбалер, кој беше една од главните ѕвезди во лондонскиот Арсенал изјави дека сонува оти пак игра за тој клуб.
Анри уште е активен, игра фудбал за Њујорк Ред Булс во својата кариера го носеше дресот на Арсенал од 1999 до 2007 година. Со ангилскиот премиерлигаш двапати беше шампион и трипати го освои ФА Купот.
– Сонувам дека сум се вратил во Арсенал. Оваа година која ни претстои е последна. Така вели договорот, но не велам дека тогаш ќе престанам да играм фудбал. Што ќе работам, не знам. Би сакал тоа што ќе го работам да биде поврзано со фудбалот и во близина на Арсенал – изјави Анри за „Скајспортс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.