Македонската Влада најголем дел од вниманието посветува на економијата. Во сите сектори, функциите на државата се базираат на добра економска политика. Мора да има инвестиции во системот, правилно и одмерено собирање на даноци, порача Владимир Пешевски, вицепремиерот за економски прашњаа на трибините во Гевгелија.
-Пристапот на ВМРО-ДПМНЕ е интегрален. Ако спроведувате политики за да дадат резултати, мора во сите области да бидат доволно одмерени. Добро водење на државата е избалансиран пристап на сите сегменти. Затоа, секој министер ќе каже дека во неговиот сектор сме силно фокусирани, навистина сме фокусирани во сите сегменти. Фундаментот за една држава да работи правилно е да има макроекономска стабилност- инфлацијата да е под контрола, да имате стабилен курс на локалната валута, а ние тоа го имаме, рече вицепремиерот.
Пешевски додаде дека Македонија задржа стабилност во ова поле и за време на светска економска криза. За да земете поголема плата и да се вработат повеќе лица, објасни, мора да е задржан фундаментот.
-И ние можевме да се задолжиме повеќе од што треба, како другите земји. Ние бевме свесни дека мора да создадеме добра основа, за да можат инвеститорите да отвораат работни места и да имаме висок стандард.За Македонија сите кажуваат дека сме задржале низок степен на задолженост, тоа значи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ се однесува максимално одговорно. Потребно е и да се создаде поволна бизнис клима.Тука ние направивме најсериозен исчекор. Светската банка ја рангираше Македонија на 25-тото место, што е најдобро во регионот и подобро од две третини од земјите во ЕУ. За тоа требаа многу реформи, рече Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.