Односот на навредување на актуелниот претседател на Република Македонија е демонстрирање на некултура, а имајќи го предвид фактот дека претседателот е избран на легални и легитимни избори, навредата врз него е навреда спрема мнозинството граѓани што го поддржале на тие избори, реагира владејаќката партија ВМРО ДМПНЕ преку соопштение, а во врска со изјавите за годишното обраќање на Ѓорги Иванов.
„Претседателот на Република Македонија е одговорен и доследен политичар и како партија ги цениме неговите активности. Претседателот на државата треба да е прифатлив за мнозинството граѓани и ние не гледаме на претседателот преку етнички рамки, туку гледаме преку неговата улога во заштитата на државните и националните интереси“ пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ .
Според владејачката партија, тие не се оптоварени со тоа кој кого ќе поддржи, за нив е важно да се почитува Уставот и државните интереси.
„Уставот посочува дека претседател на Република Македонија се избира со мнозинство од 40 отсто од вкупниот број граѓани гласачи. Што се однесува до ставот на ДУИ, ние тој став го почитуваме, но апсолутно не значи дека тоа е и наш став и не значи дека за сите прашања, па и за ова, треба заеднички да настапиме или да имаме заеднички став. Ние се водиме од тоа што ние го сметаме за државен и национален интерес“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата