Во обидот да наброи три гринфилд странски инвестиции лидерот на СДСМ Зоран Заев ги наведе двете компании.
-Џонсон Мети дојде од времето на владеење на СДСМ, Џонсон Контролс од времето на Владо Бучковски, други гринфилд инвестиции исто така кои се случувале во Македонија се, инвестицијата која беше во Росоман, колку што се сеќавам, тогаш стартуваше, дојде оваа влада, ја затвори, конзервните фабрики кои што се изградија токму во тоа време и инвестицијата која се случи исто така во Струмица во делот на отворањето на конзервната фабрика- рече Заев.
Наспроти овие тврдења на Заев, вистината за инвестициите на Џонсон Мети и Џонсон Контролс е сосема поинаква.
Џонсон Мети одлуката да инвестира во Македонија ја има донесено во 2007 година, според зборовите на Џатин Такрар, генерален директор на Џонсон Мети во Македонија.
-Кога во Џонсон Мети првично ја донесовме одлуката да инвестираме во Македонија, потребно беше да се завршат многу работи и процедури. Голема поддршка и помош во тоа време ни даде македонската Влада. Одлуката да инвестираме во Македонија беше донесена во 2007 година, а во 2008 година започнавме со изградба на првата фабрика во Бунарџик, вели Такрар во интервјуто за неделникот Капитал дадено во јуни 2012 година. Џонсон Мети стартуваше со производство во 2010 година, а годинава реши да инвестира и да отвори и втора фабрика.
Слична е ситуацијата и со американската компанија Џонсон Контролс, чија фабрика е отворена во декември 2007 година.
-Во Бунарџик крај Скопје денеска е отворена првата, фабрика на мултуинационалната компанија Џонсон Котролс. Привлекувањето странски инвестиции и економскиот амбиент се главните аргументи на премиерот Никола Груевски- пишува Дојче Веле во текст објавен на 12-ти декември 2007 година.
– Пред една година на ова место беше ледина, без урбанискички план и без инфраструктура. Сега ова место наликува на мал град. Во фабриката ќе се вработат околу 500 лица до 2013 година, ќе се зголеми извозот, ќе се воведат нови технологии и ќе се подобри конкурентноста. Влегувањето на “Џонсон Контролс” значи воведување на светски стандарди и принципи на работење, особено се цени човечкиот капитал и знаењето што ќе го добијат нововработените – истакна премиерот Груевски за време на отворањето на фабриката на американската компанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)