| четврток, 6 декември 2018 |

Свињарите бараат јачмен од стоковите резерви

svinji
Одгледувачите на свињи денеска од ресорниот миснистер за земјоделство Љупчо Димовски побараа да им се отворат стоковите резерви со јачмен со цел да се подобрат сегашните неповолни состојби во свињарството.
Денеска тие му се пожалија на министерот дека најголемите проблеми со кои се соочуваат де високите цени на храната на животните и недоволните количини од сточна храна.
За да можат да склучуваат договори со полeделците и да можат побрзо да им ја платат жетвата, претставниците на Групацијата побарале исплатата на субвенциите за сточарите за 2012 година да биде до 30 април годинава, на што министерот Димовски им одговорил дека веќе се воведува динамика во исплатата на субвенциите и оти нивното барање ќе се земе предвид.
Сточарите го истакнале и проблемот на немање земјиште на кое би произведувале сточна храна со што долгорочно би го решиле проблемот со набавка на сточна храна.  Министерот Димовски им укажал дека на јавни огласи ќе се дава земјоделско земјиште кое ќе биде наменето само за сточарите и исклучиво за производство на сточна храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top