| четврток, 6 декември 2018 |

Со јачменот кажете им збогум на дебелината, дијабетесот и на срцевите болести

Јачменот поседува специјален микс од диететски влакна, кои го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот, нивото на шеќер во крвта и инсулинот.

Консумирањето леб и други намирници направени од јачмен би можело да ги реши проблемите со дебелината, болестите на срцето и дијабетесот, судејќи според најновото истражување.

Научниците од здрави лица побарале три дена да јадат леб направен од цели зрна јачмен за ручек, појадок и вечера.

По последниот оброк на крајот од секој ден, во рок од 11 до 14 часови, тестовите покажале дека метаболзмот им забрзал, а биле намалени и нивото на шеќер во крвта и инсулинот.

До ова доаѓа кога специјалниот микс од влакна во зрното од јачменот доаѓа до желудникот – стимулирајќи зголемување на добрите бактерии и ослободување на важни хормони.

Научниците се надеваат дека луѓето во иднина ќе започнат почесто да консумираат јачмен во сите свои оброци – салати, супи, гулаши, или како алтернатива за ориз и компир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top