| четврток, 6 декември 2018 |

Го киднапирал и ги натерал роднините да донесат пари

kidnapiran

Млад радовишанец со измама качил сограѓанин во автомобил, а потоа го однел во кујна во една кафеана каде што ја терал жртвата да се јавува на телефон кај роднини за тие да донсеат пари за ослободувње. Меѓутоа, мајката на жртвата се јавила во полиција.

Полициската станица во Радовиш поднела кивична пријава за С.К.(25) од Радовиш, за сторени кривични дела „изнуда“ и „противправно лишување од слобода“. На 20.11.2013 година, околу 17.40 часот, во Струмица пријавениот во возило управувано од С.К. го повикал К.С. (28) да се качи во возилото, а потоа заедно отишле во кафеана на пријавениот, каде што пријавениот противправно го внел во кујната од кафеаната ограничувајќи му ја слободата на движење, по што го принудил од мобилниот телефон да се јави на неговите блиски роднини да му донесат пари. По ова, истиот ден, околу 21.30 часот, мајката на К.С., Л.С., го пријавила случајот во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top