| четврток, 6 декември 2018 |

Од април евтин лет и до Келн

wizz-air

Нов евтин лет до германскиот град Келн. Нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ најави дека ќе воведува нов лет од Скопје за Келн од април 2014 година. Ќе се лета со еден од новите авиони на компанијата „ербас A320“, двапати неделно, во понеделник и во петок, почнувајќи од 4 април.

Ова е вкупно 14 линија која „Визер“ ја има од Скопје кон 8 држави во Европа.

Цената на билетите за една насока е 1.500 денари, а повратниот билет би чинел околу 4.500 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top