Како што пишува Си Ен Ен Емили Бауер, по конзумирањето на синтетичката марихуана што ја купила на бензинска пумпа добила серија мозочни удари кои и го оштетиле мозокот и ја парализирале. Девојчето најпрво добило главоболки и решила да прилегне, но за кратко време доживеала неколку удари по што почнала неконтролирано да мокри, халуцинира, се удирала од ѕидови и станала агресивна.
Лекарите морале да и предизвикаа вештачка кома за полесно да направат тестови на мозокот. Било откриено дека ударите предизвикале васкулитис, односно, воспаление на крвните садови кое предизвикува задебелување, ослабување и стеснување на садовите. Бил ограничен и протокот на крв во мозокот поради што девојчето морало да биде оперирано.
Емили преживеала, но мозокот и бил толку оштетен што лекарите рекле дека таа никогаш повеќе нема да може да ги препознае членовите на семејството и пријателите, ниту пак ќе може да ги движи рацете и нозете. Семејството тогаш одлучило да ја исклучат од апарати, но за чудо, Емили преживеала и неколку дена подоцна на мајка и и рекла дека ја сака.
Поради тоа, семејството одлучило да формира непрофитна организација (Synthetic Awareness For Emily) чија цел е да ги едуцира луѓето за опасностите кои им се закануваат од употребата на синтетичка марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


