Членовите на битолската театарска група „Солза и смеа“ викендов избегнаа трагедија откако нивниот автомобил се преврте на планинскиот превалец Плетвар.
Во саботата, на 21 декември, нешто по 11 часот, на пат за Скопје, на Плетвар после тунелот, нивниот автомобил се лизнал од патот и се превртел. За среќа, штетата е само материјална и никој од актерите не е повреден.
„Повторно родени 21.12 2013“ напишаа тие на една од фотографиите со превртениот автомобил.

Од драмската група, за битолската телевизија „Тера“ велат дека пред нив имало и други два битолски автомобила кои излетале од коловозната лента поради лизгавоста на патот. Го продолжиле патот до Скопје, каде што имале професионален ангажман, а потоа се вратиле во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


