| четврток, 6 декември 2018 |

Пејтон Менинг – мистер „тачдаун“

Пејтон Менинг е голема ѕвезда во НФЛ, а од ноќеска е и нов рекордер по бројот на тачдауни во една сезона. Неговиот клуб Денвер го победи Хјустон со 37-13, а Менинг забележа одлични 400 јарди и 4 тачдауни со што стаса до бројката до 51 во оваа сезона. Досегашниот рекорд беше 50 тачдауни на Брејди остварени во 2007 година. Регуларниот дел од сезоната во НФЛ е при крај, а се очекува почеток на плејофот и битката за титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top