| четврток, 6 декември 2018 |

Ревизорите во Охрид навеле незаконско работење на поранешната гарнитура

opstina ohridДржавниот завод за ревизија констатира незаконито и неодговорно работење на претходната гарнитура на власт на локалната во Охрид, пренесе Сител.

Како најиндикативно е резимето на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на сметката на основниот буџет на општина Охрид за 2012 година, каде е утврдено дека дел од расходите се извршени преку компензации, асигнации и цесии во кои не се наведува основот за плаќање што е спортивно на законот.

-Забелешки има и во наплатата на такси, придонеси и надоместоци, во делот на комунална такса, рекламни паноа, како и склучување договори на дела по незаконски пат- објаснува градоначалникот Никола Бакрачески.

Општина Охрид е во длабока должничка криза ,долгот од околу 33 милиони евра го пореметува нормалното функционирање, а Бакрачески вели дека е донесен акционен план за надминување на состојбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top