| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд официјално се извини на Алжир

Francois HollandeФрансоа Оланд преку официјално соопштение на Елисејската палата, изрази „искрено жалење поради интерпретацијата на неговите зборови“ во однос на Алжир, јави МИА.

Прес-службата на Елисејската палата нагласи дека Францускиот претседател Оланд тоа ќе му го пренесе директно и на алжирскиот претседател Абделаиз Бутефлика.

Извинувањето е во врска со инциднетот од 16 декември, кога францускиот претседател пред Претставничкиот совет на еврејските институции во Франција (ЦРИФ), кој славеше 70 години од основањето, на шега изјави дека министерот за внатрешни работи Мануел Валс се вратил од посетата на Алжир „жив и здрав“, додавајќи дека и „тоа е веќе многу“.

Оваа шега на Оланд, познат во политичките кругови по неговиот талент и наклонетост да прави шеги, предизвика бура на реакции на социјалните мрежи, како во Франција, така и во Алжир и остри критики од француската опозиција.

Според соопштението на Елисејската палата, зборовите на Франсоа Оланд, „кој има голема почит кон Алжир и неговиот народ, што го докажа и при државната посета пред една година и дискусиите кои ги имаше таму, неосновано се предмет на полемика“.

– Секој ги знае пријателските чувства на Франсоа Оланд кон Алжир и големата почит кон неговиот народ- се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top