| четврток, 6 декември 2018 |

Торонто: 250 илјади без струја

toronto nevremeСнежното невреме што го зафати реонот на Торонто предизвика дефекти во електро дистрибутивниот систен, оставјаќи без струја околу 250.000 жители на овој канадски град.
Според енергетската компанија „Торонто Хидро“, отстранувањето на дефектите би можело да потрае и до 72 часа.
– Бројот на лицата кои немаат струја веројатно ќе остане на ова ниво се додека не ги отстраниме најголемиот дел од дефектите, соопшти претставник на компанијата.
Поради обилните снежни врнежи и силниот ветер паднаа и повеќе дрва, нанесувајќи штети на голем број возила и куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top