| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган „ќе крши раце“

erdoganТурскиот премиер Ердоган ги предупреди неговите противници да не ја користат полициската антикорупциска акција за „поткопување на неговата власт“, закануваќи се дека во спротивно „ќе крши раце“.
– Секој треба да го знае своето место. Ако некој се обиде да го урива системот во оваа земја, да поттикнува или да подметнува, ќе мораме да му ги скршиме рацете – порача Ердоган на собир на неговата исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) во градот Гиресун на црноморскиот брег на Турција.
Во рамките на антикорупциска акција, турската полиција уапси 24 лица блиски до Владата или владејачката АКП, меѓу кои и синовите на министрите за внатрешни работи и за економија, Муамер Ѓулер и Зафер Чаглајан, и директорот на турската државна „Халк банка“, Сулејман Аслан. Упасените се ообвинети за корупција, измами, илегална трговија на злато и присвојување туѓ имот.
Ваквата полициска акција Ердоган ја оцени како заговор против него тврдејќи дека зад неа стои „држава во држава“ која има за цел да го оцрни.
Напоредно, со апсењета на лицата биски до власта, Владата разреши околу 50 полициски началници, под обвинение за „злоупотреба на власта“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top