Четири лица се повредени денеска при верижен судир на околу 40 возила на новата делница од автопатот А1 во централниот романскиот округ Алба, што беше пуштена во употреба пред само три дена.
Романската полиција соопшти дека од четворицата повредени, кои се пренесени во болница, само еден се здобил со посериозни повреди, додека останатите тројца минале со фрактури.
Полицијата инфромира дека причина за несреќата е неприлагодување на брзината на возење на условите на патот и неодржувањето на пропишаното растојани при движење на возилата во колона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.