Сѐ уште нема одговор од Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев и СДСМ за пишувањето на Курир за скандалозно давање пари на здруженија на граѓани на високи партиски функционери на СДСМ во Струмица. Од партијата не ги коментираат документите што ги објави Курир, според кои, како што тврди порталот, татко префрлал пари на син, а биле префрлани пари и на советниците на пратениците на СДСМ.
Во еден случај од оние што ги објави Курир, Општина Струмица и Зоран Заев во 2011 година, според “Програмата за поддршка на локалниот економски развој“ префлиле сума од 4.000.000 денари општински пари на име “трансфер до детски парламент/младински совет“. Ова здружението на граѓани “Младински Совет“било формирано од страна на градоначалникот Зоран Заев.
Во друг случај во Општина Струмица, таткото Тони Милушев, раководител на сектор во општината префрлил120.000 денари, средства од општината на здружението Новус основано од својот син. Ова Здружение е основано јануари 2013 година, непосредно пред да биде објавен овој конкурс. Ова според познавачите е класичен пример за непотизам.
Во трет случај, буџетски средства добило здружението Евро-Визија Струмица, каде овластено лице е Ацо Манински, личен асистент на пратениците од СДСМ, Цветанка Иванова и Панче Орцев.
Во четврт случај, Петар Божинов, актуелен советник во општина Струмица од СДСМ преку неговата невладина органзиација “Културно забавен Живот“ во 2012 година добил 2,5 милиони денари, пари на граѓаните од општина Струмица за организирање на фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?