Убавата актерка Анџелина Џоли моментално го снима нејзиниот нов филм „Unbroken“, а нејзините соработници се загрижени за неа, бидејќи таа само пиела вода, а за храна немала време.
Пријателите и соработниците на глумицата се загрижени за неа бидејќи Анџелина изгладнувајќи се себе си се довела до работ на анорексија.
Според пишувањата на медиумите, Анџелина на аеродромот во Сиднеј била толку слаба што помошниците морале да и го носат товарот, а нејзината ќерка едвај ја подигнала.
– Анџелина е перфекциониста и никогаш ништо не и доволно. На сетот е од утро до мрак и од премногу работа заборава да јаде. Само пие вода и јаде овошје – велат нејзините колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.